Fandom

Naruto Wiki

Наруто (серија)

22страници на
ова вики
Add New Page
Разговор0 Share

Ad blocker interference detected!


Wikia is a free-to-use site that makes money from advertising. We have a modified experience for viewers using ad blockers

Wikia is not accessible if you’ve made further modifications. Remove the custom ad blocker rule(s) and the page will load as expected.

Наруто пренасочува овде, за главниот лик во серијалот, види Наруто Узумаки, за други значења види Наруто (појаснување).

Наруто (-ナルト-) е јапонска манга од Масаши Кишимото, која подоцна беше адаптирана во аниме ТВ серија. Нејзиниот главен лик, Наруто Узумаки, бучен, хиперактивен и адолесцентен нинџа кој константно бара признавање и се стреми да стане Хокаге, лидер на селото Конохагакуре.

Мангата за првпат беше објавена од страна на Shueisha во 1999 година во 43-то издание на јапонското списание Weekly Shonen Jump. Наруто стана најдобро продаваната манга серија на издавачката куќа Viz Media.

Аниме серијата, произведена во студијата Pierrot и Aniplex, премиерно беше прикажана во Јапонија на ТВ мрежите TV Tokyo и сателитската телевизиска мрежа Animax на 3 октомври 2002 година. Viz Media исто така ја има сопственоста на лиценцата за прикажување на аниме серијата во Северна Америка. Наруто аниме дебитираше во Соединетите Американски Држави на американската ТВ мрежа cartoon network на 10 септември, 2005 година, и во Канада на YTV на 16 септември, 2005. Серијата започна прикажува во Британија на телевизиската мрежа Jetix на 22 јули, 2006 година. Во Австралија, серијата започна да се прикажува на Toasted TV на 12 јануари, 2007 година, иако би можала да се следи на Cartoon Network во 2006 година. Првиот дел од серијата траеше девет сезони во кои се прикажаа 220 епизоди, додека вториот го започна своето прикажување на 15 февруари, 2007.

Низ мрежата на Викија

Случајно вики